Објавено на: 14.01.2010

Со изглед како на детски цртеж и димезии колку Opel Corsa, концептот Granite ќе ги освојува срцата на Американците. Дека ќе биде така се убедени во новиот General Motors, кој на овој начин ја изрази својата подготвеност за промени во правец за кој тие сметаат дека е подобар. Основата за тоа ја гледаат во успехот на слично големите Scion варијантите на моделите на Toyota, кои веќе осма година ги освојуваат помладите урбани купувачи, за кои повеќе економски аналитичари во САД веруваат дека ќе бидат први кои ќе ја пребродат кризата.
Настанат под директивата "практичност во помало пакување", GMC Granite има повеќе карактеристики на караван отколку на СУВ. Вратите кои широко се отвораат една спроти друга, слично како кај новата Opel Meriva, но без централен столб меѓу нив, ја откриваат типично американски раскошната внатрешност која иако граничи со кич, поседува флексибилни способности за реконфигурирање според моменталните потреби. Како што може да се претпостави, во Детроит покажаниот концепт беше опремен со 1,4 литарски турбо мотор, но овој пат со шестстепен автоматски менувач. Челниците на GM не е кажуваат кога ќе започне неговото производство, ниту потврдуваат дека е направен на платформата од Cruze, односно новата Astra.

Најчитани вести
последни вести од оваа категорија
- Мистериозен концепт на Peugeot за Париз
- Скулпура во движење
- Тајна која тоа не е
- Новиот Aveo со нов стил
- Saab зема залет
- Најевтиниот хибрид тргнува во освојување на Европа
- Само за Русија, или...
- Chevrolet со повеќе новитети во Градот на светлината
- Освежување за Mazda2
- Помалиот MINI пристигнува во 2012 година
















